Студентскиот дом „Пелагонија“ има долг од пола милион евра – Јаневска: Се обидуваме барем да обезбедиме плати за вработените

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерката за образование Весна Јаневска, зборуваше за студентскиот дом „Пелагонија“, и одговараше на новинарско прашање што прави министерството за подобрување на состојбата во домот, откако студентите се пожалија на условите во истиот.

„Го затекнавме домот со долг од 34 милиони денари. Правиме обид барем плата да исплатиме на вработените. Веќе неколку дена има ново раководство, жена, и се надевам дека како мајка и енергично како што се жените, ќе го доведе домот во ред“, рече Јаневска.

Јаневска додаде дека ќе се реновираат сите студентски домови, а најпрво двата дома во Скопје, „Кузман Јосифовски-Питу“, и „Стив Наумов“.