Судењето за убиствата на Вања и Панче се одложи за 20. септември

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За денеска во 10 часот беше закажано судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Обвинетите се појавија во Кривичен суд, но потоа беше одложено за 20. септември во 10 часот.

Причината е поради тоа што мора да се спојат обвиненијата, затоа што за Палчо беше посебно обвинение, а истото било одобрено вчера, па немало време да се спојат. Затоа судијата побара прво спојување на обвиненијата во еден предмет, па ќе започне судењето.

Обвинети за ова дело се Љупчо Палевски – Палчо, Влатко Кешишов, Боре Видевски, Велибор Манев, и Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања.