Судија одреди притвор од 8 дена за лицата кои го палеа македонското знаме

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор против три лица во скратена постапка, по произнесување на осомничените, кои доцна попладнево беа спроведени во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на тројцата им определи 8 дневен притвор, заради опасност од бегство и повторување на делото.

Приведените лица се сомничат за кривчното дело од чл.319 ст.1 од КЗ а поврзани со вчерашните настани во кои беа уништувани национални симболи и државното знаме.