Судот донел одлука: Села е легитимен претседател на АА – велат од страната на Села

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од крилото на Зијадин Села во Алијансата за Албанците за ТВ21 велат дека Судот донел одлука во нивна корист, односно дека Села е легитимен претседател, а не Арбен Таравари.

Судот го запиша Села како претседател на Алијанса за Албанците, откако траеше битката со крилото на Арбен Таравари.

„Судот одлучи дека нашето барање за регистрација на Зијадин Села како претседател на Алијанса за Албанците е прифатено. Со оваа одлука се известени сите засегнати страни, и сега официјално претседател на АА е Зијадин Села“, се наведува во одговорот.