СЗО: Над 3,4 милиони новозаболени со Ковид-19 се регистрирани изминатата недела во светот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Изминатата недела регистрирани се повеќе од 3,4 милиони нови случаи на заразени со Ковид-19 ширум светот, што е за 12 проценти повеќе од претходната седмица, соопшти денеска Светска здравствена организација.

СЗО проценува дека со оваа стапка на ширење, вкупниот број на потврдени случаи на коронавирусот од почетокот на пандемијата ќе надмине 200 милиони за три недели.

Во моментов, бројот на заразени се зголемува најбрзо во Западен Пацифик и во Европа.

Меѓу земјите со најмногу нови случаи се Индонезија, Велика Британија, Бразил, Индија и САД.

„Од друга страна, бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 продолжува да опаѓа“, соопшти СЗО.

Во изминатата недела ртегистрирани се околу 57.000 смртни случаи ширум светот.

Според СЗО зголемувањето на бројот на новозаболени луѓе се должи на ширењето на новите соеви коронавирус, укинување на дел од рестриктивните мерки, како и тоа што голем број луѓе немаат имунитет, и покрај напредокот на кампањата за вакцинација во некои земји.

СЗО ги повика земјите да се посветат на вакцинирање на најмалку 40 проценти од нивната популација против Ковид-19 до крајот на годината.

Повеќе од три милијарди дози на вакцина се дадени на глобално ниво, но само околу еден процент во посиромашните земји.