СЗО: Постои реална можност Олимпијадата во Токио да се одржи ова лето, но форматот ќе зависи од Ковид-19

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Постои реална можност Олимпијадата во Токио да се одржи ова лето како што е планирано, но поради непредвидливите ризици од пандемијата на коронавирус многу одлуки околу форматот на Игрите би можеле да се носат во последен момент, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО)

– Се надеваме дека Олимпијадата ќе се одржи, изјави вечерва директорот на програмата на СЗО за вонредни состојби Мајк Рајан на конференција за новинари во Женева.

Тој истакна дека охрабрува стабилизирањето на бројот на заразени од коронавирус во Јапонија, како и систематскиот пристап на властите во справување со здравствениот ризик.

– Некои одлуки, како таа за бројот на гледачи ќе можат да се носат само непосредно пред почетокот на Игрите врз основа на бројот на нови случаи на ковид-19, а познато е дека Јапонија веќе соопшти оти нема да дозволи присуството за гледачи од странство и оти целата манифестација би можела да се одржи дури и без публика, додаде Рајан.

Јапонските власти претходно денеска ја продолжија вонредната состојба во Токио до 31 мај поради зголемениот број заразени од коронавирус