ДУИ најави дека ќе има посебна прослава за одбележување на годишнината од Рамковниот договор. Министерот за здравство, Арбен Таравари го коментираше овој потег на опозицијата.
„ДУИ некако има претензии да приватизира одредени настани. Не може да прифатат дека се опозиција, ама им треба време и ќе се навикнат на тоа. Приватни забави може секој да организира. Ние ги повикавме на утрешниот настан кој ќе го организира Владата на Република Македонија, добродојдени се, а тие нека продолжат да си организираат“, рече Таравари, додавајќи дека историските настани никогаш не треба да бидат приватна припадност.