Таравари го одби предлогот на Ахмети – Мицкоски: Жалам што Ахмети ја спореди партијата со гума за спасување

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Добро е што Ахмети се навикнува да биде во опозиција. Со оваа изјава, министерот за здравство Арбен Таравари го одби предлогот на лидерот на ДУИ кој ја повика коалицијата ВРЕДИ да ја напушти Владата и да бидат заедно во опозиција.

-Господинот Ахмети мислам дека полека се навикнува во опозиција. Се надевам дека ќе се навикне и уште подобро, така што мислам дека само треба адаптација, ништо друго, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

Неприфаќање на понудата на Ахмети изрази и Блерим Сејдиу од Движењето Беса кои се дел од ВРЕДИ во денешното издание на Дејли клик на ТВ21. Тој рече дека претходно албанската опозиција кога барале обединување секогаш биле одбиени од ДУИ.

ТВ21: Значи затворена им е вратата за оваа прашање?

-Не, јас не кажувам дека вратата им е затворена, но ова барање за обединување на Албанците беше наше, и им сугерираме да не ги копираат нашите поранешни изјави, биејќи 20 години се бара ова. И кажуваме на ДИУ остани таму каде што ти е местото, реформирај се, и настапи на следните избори како реформирана партија, изјави Блерим Сејдиу, потпретседател на Д.Беса/ВРЕДИ.

Вчера Ахмети рече дека нивната намера не е да станат дел од Владата бидејќи не се резервна гума. Воедно лидерите од Европскиот фронт ја повикаа коалицијата ВРЕДИ да излезе од Владата и да се приклучат кон нивната коалиција и заедно да ги покажат црвените линии на премиерот Мицкоски. Жалам што Ахмети ја спореди својата партија со гума за спасување, рече премиерот Мицкоски за понудата на ДУИ. Тој повторно му порача на Ахмети да ја реформира партијата.

-ДУИ полека но сигурно се навикнува како опозициска партија, жалам што раководството на ДУИ и Али Ахмети ја споредија својата партија и членовите со гума за спасување. Очекував поголема креативност. Но тоа е што е. Им посакувам опозициски денови во кои што ќе се реформираат и ќе можат да го пронајдат својот програмски идентитет, кадровски, исто така да се реформираат, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Иако претходно премиерот Мицкоски тврдеше дека ДУИ подготвува дестабилизација на земјава, вчера Ахмети порача дека нема да има никаква дестабилизација, туку дека ќе организираат протести. Според Мицкоски првичните обиди за дестабилизација се осуетени и сега има помека реторика од ДУИ. Но, доколку протестите бидат насилни, најави дека ќе бидат преземени мерки.