Таравари: Мендух Тачи е посебен – Беџети го отфрли повикот на Мицкоски и Таравари за реформирање на ДУИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

И натаму превирања во јавноста со пратеничката група на Европскиот фронт за лидерот на ДПА Мендух Тачи и неговото заминување од оваа коалиција. Координаторот Блерим Беџети го повтори она што деновиве го говори дека пратеничката група функционира во полн состав и е активна во Собранието. Тој смета дека ваквите информации доаѓаат од коалицијата ВРЕДИ за постигнување политички цели.

-Ние разбираме, јасно ни е дека од коалицијата ВРЕДИ се во паника од се поголемата реакција на Албанците и другите етнички заедници, особено кон нив како губитници на изборите. И тоа се нивни желби кои сонуваат со отворени очи, изјави координаторот на Европски фронт, Блерим Беџети.

За повиците за реформа од страна на Мицкоски тој вели.

-Во претходниот мандат стотина нивни кои и денеска се носители на јавни функции се осудени условно, се во судски постапки а се носители на јавни функции, вели координаторот на Европски фронт, Блерим Беџети.

Порака до лидерот на ДУИ Али Ахмети да ја реформира партијата упати и министерот за здравство од редовите на ВРЕДИ Арбен Таравари, откако тоа вчера го стори и Мицкоски. Запрашан за заминувањето на Тачи од Европскиот фронт не сакаше многу да коментира.

-Јас одамна му кажувам дека треба да смени нешто во партијата, не функционира. 107 илјади албански гласови беа против Ахмети, односно беа за ВЛЕН. Тие се гласови кои што никогаш, ниедна албанска опозиција не добила од 1991 година од кога се одржуваат избори во Македонија. Мендух Тачи е посебен, така што, негова одлука, не би сакал да коментирам, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.

Информацијата за напуштањето на Европскиот фронт дојде откако Тачи не се појави на настанот организиран за критики за 100-те дена Влада. Тој потоа прати порака во јавност дека во наредните денови ќе објасни се, но досега се уште молчи.