Таравари: Со Коридорот 8 Владата наместо да поентира, тие се во дефанзива

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 дебатираме на актуелни теми. Една од нив е за Коридорот 8 и Договорите со Бехтел и Енка.

За Коридорот 8, Таравари кажа дека Владата наместо да добие, тој има впечаток дека губи со тоа што го крие Договорот.

„Коридорот 8 е стратешки проекти за Македонија, и Владата требаше да поентира, и имам впечаток дека е во дефанзива и како да губи. Не знам зошто се крие? И да е се во ред, ако нешто криеш, тогаш остава сомнеж“, рече Таравари.