Таравари: Со разрешувањето на директорот на комунална хигиена, завршува нашата соработка со градоначалничката Арсовска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар во Студио 10 изјави дека протестите пред приватен хотел или во населба каде повеќето се Албанци е провокација. Хотелот завчера бил демолиран од протестантите и тоа било пријавено во полиција.

– Зопто баш во тој хотел, не ми е јасно и зошто баш вчера повторо одеа таму? Не оправдувам користење на оружје, ама да се провоцира луѓе сме, и реагираме афективно. Сите би реагирале исто. Тој е член на Алијансата кој е разрешен, а ако е разрешен, завршува нашата приказна во Скопје. Ако е резрешен, треба градоначалничата да не консултира нас и ова го кажувам во мое име, не партиско. Денеска ќе имаме состанок и тука завршува нашата соработка со Данела Арсовска. Та го разрешила, а не ВМРО-ДПМНЕ. – рече Таравари.