Министерот за здравство и дел од коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри дека во Владата сериозно се разговара за две големи инвестиции во здравството.
Според него, потоа доаѓа и Клинички центар.
„Разговараме за две фази, односно две големи инвесстиции во здравството, едната е болницата во Кичево, другата е клиничкиот центар во Штип. Сите говореле за ова, но никој не го исполнил, нашиот план е да ги завршиме до 2027 година. Потоа можеме да реализираме и големиот проект за клинички центар во Скопје, кој исто така е ветуван од сите изминати влади“, вели Таравари.