Таравари за повикот да излезат од Владата: Ахмети полека се навикнува во опозиција, само адаптација треба

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска по прашање на ТВ21 во однос на повикот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за да како коалиција Влен излезат од Владата и да се придружат на опозицијата, истакна дека Ахмети полека се навикнува во опозиција.

Според него, само адаптација треба.

„Мислам дека полека се навикнува во опозиција, се надевам дека ќе се навикне уште подобро“, кратко истакна Таравари.