Таравари за ТВ21: Премиерот Мицкоски е проевропски политичар, среќен сум што покажува интерес за уставните измени и со право бара гаранции

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство и дел од коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека премиерот Христијан Мицкоски е проевропски политичар.

Како што вели, среќен е што истиот покажува интерес за уставните измени.

„Оптимист сум дека ќе се најде решение до крајот на годината. Проблемот е што моментално немаме стабилна влада во Бугарија. Јас сум среќен што премиерот Мицкоски покажува интерес за уставните измени, но со право бара гаранции. Гаранции дека нема да има понатамошни условувања од страна на Бугарија“, вели Таравари.