Тажни слики од селото Тажево, изгорени куќи, се е црно… пожарот и натаму е активен кон село Брезница

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов известуваше за пожарите денеска. И натаму има активни пожари, а најтешка е ситуацијата во селото Тажево кај Македонски брод. Од снимката се гледа дека пожарот изгорел неколку куќи, кои и натаму биле користени од сопствениците.

„Се наоѓам во селото Тажево, и гледате сликата е тажна. Иако изгорени се главно напуштени куќи, сепак, изгорени се и куќи кои сопствениците ги користеле.

Имавме вкупно 19 пожари, од кои 10 се целоно изгаснати, 1 е ставен под контрола, и имаме уште 8 активни пожари. Овој пожар од страната на Брезница гори многу силно, иако дејствуваме со хеликоптери и со унгарскиот тим и со нашата армија, сепак, и натаму е присутен. За жал гори квалитетна борова шума и исклучително тежок пожар за гаснење.

Пожарот на Илинска планина гори неколку дена, делувавме со ер-трактори, но операцијата ја откажавме поради тоа што при фрлањето на вода се дигаше многу чад кои ја отежнуваа работата на пилотите и имаа намалена видливост.

Над Косел пожарот ја менува својата динамика и се уште гори. Таму делувавме со два хеликоптери, и се наоѓаат 60 лица на земја. Градоначалникот во Охрид дава се од себе да го стави под контрола.

Богданци кај село Фурка активен и денеска, дејствуваме со шест ер-трактори, но пожарот и натаму е активен. Се закануваше и на караулата, но благодарение на интервенција на припадниците на Армијата, мислам дека нема опасност повеќе.

Неколку пати моравме да ги повлекуваме леталата, поради силен ветер. Планот се менува, и тој е еластичен во зависност од сликата на терен“, рече Ангелов.