Јавниот телевизиски сервис ќе започне о емитување на емисијата “Телевизиска училница“ за учениците од прво одделение. Тие ќе можат да следат настава од наставниците од 10:30 до 13 часот.
„Во сезона на сезонски грип и коронавирус кога децата се затворени дома, МОН излезе со идеја за едукација на децата пред ТВ екраните. И на првата и на втората програма веќе се подготвени емисиите за претшколска возраст“, изјави Мигена Горенца – главен и одговорен уредник во МТВ2.
Бирото за образование на листата избра 50 наставници кои ќе држат настава од таму каде што застанале учениците со наставната програма. Наставата ќе се споделува и на социјалните мрежи.
„Ќе направиме импровизирани училници, со црна или бела табла каде наставникот по одреден предмет во одредениот термин ќе објаснува како во училиште. Доколку е по математика ќе се решаваат образовните проблеми за петто одделение на тоа ниво каде што застанале“, додава Горенца.
Инаку, „Седи дома“ е најупотребуваниот хаштаг на социјалните мрежи. На овој хаштаг може да се видат лица кои даваат разни идеи за забава на нивните деца, некои садат цвеќиња, некои пеат а некои готват.