Тетово во самоизолација: Граѓаните ги полнат домовите со брашно и масло за готвење

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мерките преземени од Владата за затворање на сите локали, дадоа ефект во Тетово. Центарот на градот е речиси празен. На улиците можеа да се забележат само мал број граѓани.

На прашање од ТВ21 тие со поделени мислења за владините мерки за затворање на сите локали, освен дуќаните со прехранбени производи и аптеките.

Но, ситуацијата е поинаква на индустриската улица во Тетово каде се повеќето магацини на прехранбени производи на големо.

Во овој дел од градот Тетово раздвиженоста на граѓаните е голема. Повеќето од нив купуваат главни прехранбени производи како брашно и масло за јадење.