Тимот за санкции од САД дојде во Македонија за да истражува корупција кај функционери

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Во Македонија пристигна тим за санкции од САД за да врши увид во поранешните и сегашните функционери за корупција, по што ќе следува и одговор. Ова го напиша амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

„Тимот за санкции од Вашингтон е тука поради поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, напиша Агелер на Твитер.

реклама

Заменик-помошникот на државниот секретар на САД, Габриел Ескобар пред неколку дена изјави дека американските санкции за корумпираните политичари на Балканот имаат ефект, и дека САД ќе продолжат со санкциите.

На 11 април годинава, Стејт департментот и американското министерство за финансии ги санкционираа експремиерот Никола Груевски и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков како одговор на нивното учество во значајна корупција.

реклама

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама