Утрово, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид добила дојава за излетано возило во река, на регионалниот пат кај село Ботун, Општина Дебрца. Интервентната екипа со едно возило и пет пожарникари веднаш биле упатени на местото на несреќата. По пристигнувањето, пожарникарите затекнале превртен автомобил во реката, од кој беа извлечени две лица.
За жал, и покрај брзата реакција на спасувачките екипи, кај двете лица не се забележувале знаци на живот.
ТППЕ Охрид апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни при управувањето со моторни возила, да ја следат патната сигнализација и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.