Трајанов: Најавениот сојуз на ЕУ на Ахмети е само флоскула

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека најавениот сојуз на Европската Унија на лидерот на ДУИ, Али Ахмети е само флоскула.

„Уставните промени се врзани за евроинтеграциите, сега г-динот Ахмети ќе прави сојуз, фронт и.т.н. за ЕУ… Оставете ги тие флоскули, фронт, ништо од фронтот. Ние треба да разговараме со сите парламентарни и вонпарламентарни партии“, вели Трајанов.