Трајанов: Прашањата кои ги отвори Бугарија не треба да бидат дел од преговарачката рамка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов денеска на прес конференција посочи дека прашањата кои ги отворила соседна Бугарија со францускиот предлог, не треба да бидат дел од преговарачката рамка.

Тој бара од Европската Унија, посебно земјите кои се блиски пријатели до Македонија како Хрватска, Словенија, Австрија да гласаат против за преговарачката рамка да се стави на дневен ред или пак да стават вето за ваквата рамка која ги загрозува националните интереси.

Трајанов ги повика и граѓаните на социјалните мрежи или на протест да го искажат својот став против оваа преговарачка рамка.