Трајчевска: Обвинителството има снимки на кои прецизно се гледа кои се учесници и како е дојдено до тешките повреди на ракометарот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Обвинителката Татиана Трајчевска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека обвинителството имало видео снимки на кои прецизно се гледа кои се учесници во нападот на ракометарот Денис Тот и како е дојдено до тешките повреди.

За објавената снимка од настанот, Трајчевска вели дека одговара на настанот, но не е снимка која е обезбедена од обвинителството.

„Нашите снимки имаат помало растојание, попрецизно се гледаат дејствијата на секој од учесниците“, вели Трајчевска.

Таа вели дека немаат податоци кој ја објавил снимката.