Досегашниот директор на Државен пазарен инспекторат (ДПИ), Горан Трајковски е разрешен.
Според информациите, разрешувањето е поради промените на кадрите на новата власт.
На директорското столче ќе седне Влатко Стојкоски, јавува МИА.
Претходно, заменик-министерот за економија Марјан Ристески разговарајќи околу есенската кошница истакна и дека од вчера е назначен нов директор на ДПИ.
„Мерката е одлично дефинирана и имаше одредени трговци кои сакаа да ја изиграат, но Државниот пазарен инспекторат се надевам дека во претходниот период сериозно си ја врши работата и во одредени моменти настапи со казни кои не беа мали. Се надевам дека ДПИ и во иднина ќе има многу поголема контрола и ќе прави контролни мерки и надзори во сите трговски места каде се продаваат прехранбени производи за да можеме да ги регулираме цените со цел заштита на стандардот на граѓаните. Од вчера има нов директор така што се надевам и дека можеби и мерките ќе дадат подобри резултати, ќе видиме“, рече Ристески, во гостување на ТВ Сител.