Три деца ранети во напад со нож во Швајцарија, едно тешко повредено: Напаѓачот е уапсен

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дваесетгодишен Кинез со нож нападнал деца додека оделе на дневен престој во Цирих, Швајцарија, три деца се повредени, од кои едно потешко, извести градската полиција. Напаѓачот е уапсен.

На три повредени петгодишни момчиња, од кои едно потешко, им е укажана прва помош и се префрлени во болница.

Засега не се познати причините за нападот. Откриени се само националноста и возраста на напаѓачот.

Никој друг не е повреден, изјави за АФП портпаролот на градската полиција.

Според првите извештаи, негувателка со неколку деца одела во детскиот центар, а млад човек нешто по пладне ги нападнал со нож.

Вработената во резиденцијата успеала да го совлада напаѓачот со помош на маж кој бил присутен. Тие го приведоа напаѓачот додека не дојде полицијата.