Албион, шесто оделение и Амра, трето одделение сeкој ден заедно, од скопското село Морани одат на училиште до соседното село Студеничани кое е одалечено околу 3 километри.
„Добро утро учителке. Добро утро. Влези Албин. Но каде, немаме каде да седнеме“
Во оваа училница од околу 5 метри квадрати следеле настава 7 ученици. Но поради пандемијата со Ковид 19 учениците се поделени во 3 групи, па затоа наставата се одвива со двајца ученици. Но во оваа мала просторија на децата им е тешко да се движат со нивните помагала.
Доколку се рашират рацете, потреби се неколку сантиметри за да се допрат двата ѕида на просторијата.
„Училницата е многу тесна, немаме услови. Немаме каде да ги ставиме компјутерите или телевизорот за да гледаме емисија или други содржини“, вели Албион.
Наставничката Џејлане Дрешај 25 години предава во ова училиште. Вели дека е тешко во оваа мала просторија да се придржуваат на протоколите, особено да се држи растојание од два метри.
„Училницата секогаш ни е чиста и дезинфицирана. И ученците се придржуваат на протоколите. Носат маски. Но, понекогаш кога имаат потешкотии, затоа што се поспецифични деца, понекогаш носат, а понекогаш не носат маска. Многу е тешко немаме каде да се свртиме“, вели Дрешај.
Учениците се запишани во Посебното Основно Училиште „д-р Златан Сремец“ кои се дел од дисперзираната паралелка при Основното училиште „Наим Фрашери. Тие ги користат просториите на ова училиште. Го прашавме директорот Идриз Шабани за можното подобрување на уловите за децата кои ја следат наставата. Вели дека имаат план да ги преместат учениците во поголема просторија.
„Свесни сме дека е тешко да се одвива наставата во вакви услови. Но ќе се обидеме во иднина со нашите можности заедно со општината да најдеме решение, за да им обезбедиме подобри услови“, изјави Шабани.
А пак, Марија Делетиќ директорка на основното училиште „др Златен Сремец тврди дека се планира проширување на училиштето во март оваа година.
„Повикот од МОН за проширување на капацитетите на училиштата е планиран за месец март, на кој училиштето ќе има можност да поднесе соодветен предлог проект за проширување и решавање на наведените забелешки.“. рече Делетиќ.
Во 10 -те дисперзираните паралелки на ПОУ „д-р Златан Сремец “, настава посетуваат вкупно 45 ученици во Скопје и скопско.
ООУ „Кузман Шапкарев“ н.Драчево о. Кисела Вода 12 ученици – 2 паралелки
ООУ„Александар Македонски “- о. Аеродром 4 ученици – 1 паралелка
ООУ “Страшо Пинџур“- н. Даме Груев о.Ѓорче Петров 4 ученици – 2 паралелки
ООУ „Вера Циривири Трена“- о. Карпош 4 ученици – 1 паралелка
ООУ „Дитурија“- о. Сарај 9 ученици – 2 паралелки
ООУ „Наим Фрашери“ – о.Студеничани 7 ученици – 1 паралелка
ООУ „Ѓорче Петров“- о. Ѓорче Петров 5 ученици – 1 паралелка
Освен трошната училница која им го отежнува движењето на учениците со попреченост, проблем е и недостигот на превозот и личните асистенти. Опшината нема организирано превоз за децата со попреченост. Но, училиштето „д-р Златан Сремец“ располага со едно возило адаптирано за тие што користат количка, а го користат 14 ученици,. Рутата на автобусот е во радиус од 10 км. од училиштето, а за подалечните рути родителите организираат самите превоз преку ЈСП. Инаку училиштето има договор со ЈСП Скопје за користење на јавен превоз, односно корисници се на 15 билети за превоз. ЈСП располага со 7 комбиња за превоз на лица со попреченост само во подрачјето на Град Скопје. Додека Амра и Албион ја следат наставата, нивните родители чекаат надвор додека не завршат со часовите, затоа што нема ниту јавен превоз а ниту комбе.
„Баравме асистент, но само ни ветија дека ќе биде. Јас секој ден ја носам од Моране до Студеничани. Нема кој да ја носи на училиште“, рече Јусуф Бакија, татко на Амра.
„Барањата се многубројни, но засега немаме конкретен одговор. Самите се справуваме со овие проблеми“, вели Алит Даути.
Претседателот на Невладината организација СОС Вита Ертан Шакири вели дека до нивниот центар доаѓаат бројни поплаки од родителите за лошите услови во основните училишта.
„Лицата со посебни потреби почнувајќи од дома имаат проблем како да стигнат до училиште. Ние како НВО имаме поплаки од родителите како да се реши овој проблем. Во секое средно и основно училиште треба да има соодветни услови“, рече Ертан Шакири од НВО СОС Вита.
За првпат МОН ја воведува услугата образовна асистенција која е предуслов за обезбедување на инклузивно образование, преку донесување на “Нормативот за услугата образовна асистенција, описот на компетенциите и работните задачи“.
„Услугата за лична асистенција ќе може да се обезбеди и преку Центрите за социјална работа веднаш по донесување на Измените и дополнувањата на Законот за социјална заштита кои се во собраниска процедура, но не се знае кога ќе биде донесен.“, велат од МОН.
Со тоа, услугата од образовна асистенција ќе се испорачува согласно Законот за основно образование и ќе се финансира од Буџетот на РСМ, односно преку Буџетот на МОН за 2021 година, за што се предвидени и финансиски средства во висина од 54 милиони денари.
Личната асистенција вклучува помош и поддршка во вршење основни активности од секојдневниот живот, помош и поддршка на работното место,бразовните институции, центрите за рехабилитација, помош и поддршка во зедницата и други активности од интерес на лицето, до 80 часа месечно. Оваа мерка има за цел да придонесе за независно и учество во општеството.
Ваква мерка се реализираше во текот на 2018 година и 2019 година преку Програма за персонална асистенција на лица со попреченост.Во 2018 година оваа Програма се спореведуваше во седум општини и тоа во: Битола, Струга, Куманово, Неготино, Гостивар, Струмица и Градот Скопје и ја користеа 100 корисници. Ва 2019 година, Програмата се реализираше во во 9 центри за социјална работа.
Согласно Законот за социјалната заштита, Министерството за труд и социјална политика, во текот на 2020 и 2021 година, распиша јавен конкурс за доделување средства на здруженија и приватни даватели на социјални услуги, за давање на социјални услуги и во таа постапка склучени се управни договори со лиценцирани даватели на социјални услуги меѓу кои и за услугата лична асистенција. Со последните измени и дополнувања на Законот за социјалната заштита кој е во собраниска постапка, се проширува основот за користење на услугата лична асистенција така што истата ќе можат да ја користат и деца од 6 годишна возраст за разлика од предходно каде лична асистенција можеа да имаат само лица од 18 до 64 годни.
*Подготовката на оваа истражувачка сторија е поддржана од Иницијативата за демократија на Западен Балкан, програма на Фондацијата за демократија на Вестминстер. Содржината на оваа истражувачка сторија не ги одразува ставовите или мислењата на Фондацијата за демократија на Вестминстер или Британската Влада.