Целосно изгаснат пожарот во зградата во Чаир: Изгорела пластика, штекери, сијалици и електрични кабли

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Чадот што излегуваше од магацините на зградата која вчераутро беше зафатена од пожар повеќе го нема. Пожарот е целосно изгаснат. Становите се празни бидејќи сите жители се евакуирани.

Заменик-командирот на противпожарната бригада Ерол Али изјави дека зградата има хидранти, но нема системи за аларм за пожар.

-Тука бевме до 4:30 наутро. Во 4 часот и 30 минути пожарот бил локализиран, немало ниту чад ниту горење, изјави Ерол Алиу, зам. командант на противпожарна бригада Скопје.

Новинар: Добро, што изгоре најмногу?
Алиу: Најмногу изгореа кабли, приклучоци, лустери, пластика.
Алиу: Овде сме во три смени, 24 часа работиме без престан.
Новинар: Колку пожарникари беа вклучени?
Алиу: Бевме околу 40 пожарникари.

И додека становите без празни, а ваквата состојба се обидоа да ја искористат двајца крадци. МВР соопшти дека се уапсени две лица во обид да ги ограбат становите.

ТВ21 се обиде да исконтактира со Дирекцијата за заштита и спасување за да побара објаснување дали зградата поседувала сертификат и дали ги исполнува условите за заштита и спасување, но не успеавме да добиеме никаков одговор. Поради вдишување на чад, лекарска помош во болница побарале 43 лица од кои 12 деца и еден пожарникар.