Се чини дека гасоводот „Северен тек 2“ во Балтичкото Море престанал да испушта гас, објави данската енергетска агенција „Енергистирелсен“.
Агенцијата на Твитер објави дека компанијата која управува со гасоводот Северен тек 2 ја информирала дека притисокот во гасоводот се чини дека е стабилизиран.
„Ова укажува дека истекувањето на гас престанало“, објави агенцијата.
„Или гасоводот е целосно празен или притисокот на гасот во гасоводот и водата надвор се во рамнотежа“, рече портпаролот на агенцијата Улрих Лисек.
Nord Stream 2 AG selskabet har informeret Energistyrelsen om, at der nu synes at være opnået et stabilt tryk på NS2 A-rørledningen. Dette tyder således på, at udblæsningen af gas er tilendebragt på denne rørledning.
— Energistyrelsen (@Energistyr) October 1, 2022