ЦУК: Во контекст на прогноза, превенција и дејствување при евентулни поплави – работен состанок во УХМР
Денес, во просториите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ), се одржа работен состанок на кој присуствуваа: Игор Лазаровски, директор на УХРМ, Филип Филиповски, директор на АД Водостопанство, Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи, и Атанас Угрински, раководител на Одделението за хидролошки прогнози, базни податоци, студии и информации при УХРМ.
На состанокот беа разгледани можностите за заедничко делување во контекст на прогноза, превенција и реакција при евентуални поплави, особено во периоди на интензивни врнежи. Во согласност со ингеренциите, надлежностите и законските регулативи, ќе се изготви заеднички план и програма за заштита од потенцијални поплави. Ова вклучува и планирање на терен, следење на критичните точки и нивна санација со цел да се избегне излевање на водите, спречување на поплави и минимизирање на ризикот од материјални штети и човечки жртви.
Целта е да се работи тимски, одговорно и со комбинирани ресурси за поголема безбедност, како и да се воспостави практика на вмрежување на функциите и поврзаните задачи на институциите, што ќе ја подобри функционалноста при превенцијата на поплави.