ТВ21 во село Паничари – О.Сарај: Останаа само 14 куќи, нема голем интерес за гласање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ТВ21 денеска беше во во селото Паничари во општината Сарај, од каде ја следи излезноста за предвремените парламентарни избори.

Според изјавите на граѓаните во селото нема интерес за гласање.

„Селото Паничари е планинско место кое се наоѓа во општина Сарај. Досега нема излезено ниту еден гласач за да го оствари своето право на глас“, информираше репортерот на ТВ21.

„Останаа 14 куќи. Да само 14“, вели жител.
Новинар: Излегувате на гласање?
„Јас ќе излезам. Јас да, а за другите не знам. Јас ќе гласам“, додава жител.