Убавините на Македонија на едно место

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Проектот „Викенд низ татковината“ е успешно реализиран, исполнувајќи ги своите цели за промоција на убавините на Македонија. Во рамките на проектот беа изработени повеќе од 20 репортажи во текстуален и видео формат, кои ја претставуваат нашата држава преку уникатни приказни и фасцинантни пејзажи.

Проектот вклучи и создавање на целосен брендинг со лого кое го истакнува македонскиот идентитет. За потребите на промоцијата беше изработена и веб-страница, vikendniztatkovinata.mk, која е лесна за навигација и овозможува брз пристап до сите репортажи. Видеата се изработени во Full HD резолуција, со употреба на дронови и алатки за вештачка интелигенција, со што се овозможи висока продукциска вредност на сите содржини.

Проектот „Викенд низ татковината“ ќе продолжи да инспирира и информира, носејќи ги природните убавини, културата и традицијата на Македонија поблиску до нашата публика.