Се уште не почна изградбата на училиштето во Визбегово.
Веќе неколку години наназад се даваат ветувања но стотици ученици од оваа населба следат настава во други населби. Коалицијата АА-ААА денеска го посети местото каде треба да се изгради училиштето. Тие од таму рекоа дека ДУИ 18 години е на власт и не успеа на овие ученици да им изгради училиште.
„Како коалиција, “Сега е време„ време е да им ветиме на сите граѓани дека по 15 јули, по разочарувањето на Албанците, на 15 јули овој проект ќе биде приоритет над приоритетите, во разговорите со партнерите кои сакаат да бидат заедно со нас на Влада“, посочи Елми Азири.
Арбр Адеми , кандидат на ДУИ во 2-та ИЕ и министер за образование, рече дека овие денови заврши физичката делба на парцелата каде ќе се одреди кој дел и припаѓа на државата а кој на општина Бутел.
Но, сега се чека ова решение да стапи на сила и потоа да се подготви елаборат од страна на општина Бутел.
„МОН ја финансираше техничката документација односно проектот за изградбата на училиштето во Визбегово. Тоа е завршено во 2016 г. Исто така во 2018-2019-2020 во буџет се предвидени средства за изградба на тоа училиште. Исто така и во годишниот план за јавна набавка се предвидуваа изградбата на училиштето“, посочи Арбр Адеми.
Неколку жители од Визбегово излегле да го следат собирот кој се организираше.
Тие се скептични дека претходните и сегашните ветувања на сите политички партии ќе станат реалност и дека ќе се изгради училиштето. Но тие исто така се револтирани од многуте ветувања кои им се ветуваат години наназад.
„Беше и порано, виделе, ни рекоа, ни ветија, но не направија ништо воопшто“.
Новинар: И порано ветијаа?
„Да, многу ветувања, се уште патот не е асфалтиран, сите документи ми се дома, се сум платил приватно, само не лажат“.
Новинар: Не верувате?
„Не, не, воопшто. Тоа е чиста лага, дури воопшто да не доаѓаат за да лажат“.
Учениците од Визбегово веќе неколку години следат настава во други училишта, а неколку мина од нив, како што известуваше и ТВ21, патуваат и до 5 километри за да стигнат до најблиското училиште, односно во општина Чаир.
Жителите често пати излегоа на протест со барање што поскоро да се изгради училиштето, бидејќи учениците не можат да патуваат сами со автобус.
