Училиштето во Визбегово и натаму не е во функција, директорот тврди дека утре ќе почне наставата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Помина еден месец од почетокот на учебната година, а училиштето во Визбегово иако е готово се уште не почна со одржување на настава. Директорот Кадри Елези не сакаше да зборува пред камера, но во телефонски разговор рече дека се е подготвенои дека од утре училиштето ќе почне со работа и учениците ќе почнат на училиште.

„Иако е веќе месец октомври, учениците од основното училиште во Визбегово се уште не започнале со настава. Разговаравме телефонски со директорот на училиштето, тој не сакаше да даде изјава, но ни кажа дека од утре започнува наставата“, вели новинарката на ТВ21, Фазиле Халили.

Заменик министерот за образование Љуљзим Алиу за ТВ21 изјави дека од страна на министерството сите процедури се завршени и дека сега останува на директорот да ја организира работата.

-Што се однесува до училиштето во Визбегово, тоа што е од страна на МОН е надминато, ние обезбедивме одобренија за вработување нови наставници. Сега процесот на ангажирање и реализација останува на директорот на училиштето“, изјави Алиу.

Инаку учениците од Визбегово изгубија еден месец настава бидејќи родителите ги повлекоа документите од училиштето каде следеа настава минатата година, со надеж дека наставата ќе започне на време. Поради доцнењето на наставзта, пред неколку дена родителите протестираа пред училиштето.