УДАРНА ВЕСТ

УЕФА со осуда за нападот врз претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

УЕФА најостро го осудува неодамнешниот напад врз претседателот на Фудбалската федерација на Северна Македонија (ФФМ), Мухамед Сејдини.

УЕФА ги повикува локалните власти да спроведат брза и темелна истрага.

„Заедно со ФИФА, внимателно ќе ја следиме ситуацијата во македонската фудбалска заедница за да обезбедиме федерацијата да остане ослободена од какво било мешање, во согласност со Статутот на УЕФА и ФИФА, и континуирано ќе проценуваме дали се потребни дополнителни активности.

Заедничка делегација на ФИФА/УЕФА наскоро ќе отпатува во Северна Македонија за да се сретне со спортски и владини претставници, со што ќе се погрижи независноста на ФФМ да се одржи и почитува“, велат од таму.