Украина со реакција по прогласувањето на нуклеарната централа Запорожје за руска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерството за надворешни работи на Украина ја повика Европската унија, земјите од Г7 и другите партнери да ги разгледаат сегашните санкции против руската нуклеарна компанија Росатом, поврзаните компании и институции и против клучните руски претставници во нуклеарниот сектор, се вели во соопштението на Министерството.

Украина смета дека декретот на рускиот претседател Владимир Путин за формализирање на контролата на нуклеарната централа Запорожје е „злосторство што дополнително ги зголемува ризиците и заканите за нуклеарната безбедност предизвикани од руската окупација на електраната“. Советникот на претседателот, Михајло Подољак, декретот го нарече обид за напад. Подољак повика на санкции и прекин на секаква соработка со Русија во нуклеарниот сектор.