„Уште еднаш немој да го употребиш тој збор, прв и последен пат“, еве што му рекол Бојан Стојаноски на Фатмир Битиќи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Како што веќе објавивме, малку фалеше попладнево по 16 часот да се случи физичка пресметка во законодавниот дом на комисијата на која се расправа за предлог буџетот за 2025 година. Но која беше причината?

ТВ21 открива дека пратеникот од редови на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски од собраниската клупа дофрлил кон пратеникот од редовите на СДСМ Фатмир Битиќи со зборовите: Лажеш!

Ова го потврдуваат за ТВ21 неколку пратеници кои биле присутни на комисијата.

На ова остро реагираше Битиќи кој во тој момент зборуваше дека јавниот долг ќе достигне ниво од 70,8 отсто од БДП, со неисплатените одбврски од локалната самоуправа, што не е наведено во фискаланата стратегија. Тој исто така додаде дека ставката за Стоки и услуги е зголемена за цели 15 отсто, а Договорните услуги за 4,9 милијарди денари или за над 80 милиони евра.

„Те молам уште еднаш немој да го употребиш тој збор. Уште еднаш немој да го употребиш. Прв и последен пат“, по што ја прекина репликата и видно револтиран се упати кон пратеникот Бојан Стојановски.

Инцидентот се случи додека Фатмир Битиќи му реплицираше на пратеникот Миле Левков.