Успешна спасителна акција: Тинејџерка извлечена од провалија во близина на манастирот Свети Илија во Струмица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сношти имаше спасителна успешна акција во Струмичко. Конкретно околу 20.30 часот на 112 е добиен повик од мајка која известила дека нејзината 16-годишна ќерка е падната во дол во близина на манастирот Свети Илија над Струмица, дека има повреди на главата но не ја знае точната локација.

Операторите на 112 од ЦУК ја смириле видно вознемирената мајка и побарале од неа да ја извести ќерката да се јави на 112 за да се утврди локацијата на којашто се наоѓа. Ќерката се јавила на 112, по што веднаш системски била утврдена точната локација и веќе известените СВР Струмица, ТППЕ Струмица и Итната медицинска помош од Струмица. излегле на терен, ја нашле и безбедно ја извлекле.