Саранда Имери од ВЛЕН во емисијата „Ајде да зборуваме“ на ТВ21, изјави дека добиле сигнали од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за уставни промени, кои, како што рече, конечно ја увиделе реалноста дека без овие промени нема напредок.
Имери додаде дека расположението кај пратениците на ВМРО сега е поразлично и дека многу брзо ќе следат и конкретни чекори.
„Што се однесува до уставните промени, односно внесувањето на Бугарите во Уставот на Македонија, има светло на крајот од тунелот. Во разговорите со нашите колеги од владината коалиција од ВМРО, видовме сигнали со кои тие конечно ја гледаат реалноста, бидејќи без уставни промени нема напредок“, изјави Саранда Имери.
ТВ21: Дали велите дека можат да се убедат?
„Можат да се убедат, тие ја прифатија таа реалност и мислам дека многу наскоро ќе има нешто конкретно“, додаде Имери.
