Уставниот суд го укина мораториумот, од денеска повторно може да се гради во Општина Центар според старите урбанистички планови

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Уставниот суд ја укина одлуката за забрана за градба, односно мораториум за градба на територијата на Општина Центар. Од денеска повторно ќе може да се гради според старите урбанистички планови донесени во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Одлуката беше укината вчера, и од денеска веќе стапува на сила, што значи дека во центарот на Скопје повторно може да се гради според старите детални урбанистички планови.

„Уставниот суд ја укина Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови донесена од Советот на Општина Центар на 27.03.2019 година и го стави вон сила Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на актот, означен во точката 1 од оваа одлука“, се вели во соопштението објавено на веб страната на Уставен суд.

Саша Богдановиќ, градоначалникот на Центар лани во декември рече дека имаат други начини како да се спречи непланското градење, откако Уставниот суд донесе времена мерка за укинување на мораториумот.