Утре на владина седница ќе се разгледува предлогот за награда на лекарите од 30 денари по вакциниран пациент

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека утре на владина седница ќе се разгледува предлогот за награда на лекарите од 30 денари по вакциниран пациент.

„Имаше реакција од поголем број на матични лекари кои ја поддржуваат оваа мерка, сметаат дека е навистина добра, сметаат дека една таква стимулација може добро да им дојде“, вели Филипче.

Во текот на вчерашниот ден, во изјава за ТВ21 претседателката на Здружението на матични лекари, Лилија Чолакова го оцени овој предлог како како недостоинствен.

Чолакова истакна дека важно е здравјето на пациентите но е против нивно присилување да се вакцинираат против ковид, бидејќи не сите пациенти можат да се вакцинираат поради одредени дијагнози или разни болести кои предизвикуваат реакции.

Таа излезе и со предлог до Филипче, да си ги смени советниците.