И ова утро во Македонија измерени ниски температури. Во еден град температурата отиде и во минус. Станува збор за Берово, каде што беа измерени -4 степени.
Лазарополе, Струмица, Крива Паланка и Битола со по 1 степен беа после Берово најстудени места.
Најтопло беше во Гевгелија каде беа измерени 8 степени.