Денес напладне, автомобил удри во две жени пешаци населбата Бањица во српскиот главен град Белград, пренесува Танјуг.
Од службите за итни случаи изјавија дека жена била пренесена во болница. Возачот бил со автомобил „фолксваген голф“.
Полицијата работи на утврдување на сите околности за овој настан.
Како што е објавено на социјалните мрежи, автомобилот удрил во улични продавачи. Екипа на брза помош е на местото на настанот.
„Неколку лица се повредени. Според неофицијални информации, возачот починал зад воланот“, стои на Инстаграм профилот на 192.rs.
