Дарко Велков од Вработување.ком во емисијата „Бизнис21“ изјави дека генерациските разлики значително влијаат на продуктивноста во земјата, која според регионалните показатели е меѓу најниските.
„Ако ја споредиме нашата продуктивност со земјите од регионот, сме претпоследни – што е многу тажно. Главната причина е смената на генерации“, рече Велков.
Тој објасни дека младите генерации имаат поинаков пристап кон работата и кариерата.
„Денешните млади не се толку лојални кон компаниите како порано и не сакаат да чекаат со години за напредок. Тие сакаат брзо да заработат и брзо да се развиваат“, додаде Велков.
