Велков: На оние кои бараат работа клучен фактор им е платата, не аплицираат за работа ако не е добра зработувачката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дарко Велков од Вработување.ком во емисијата „Бизнис21“ истакна дека бројот на апликанти за работа во последниот квартал е зголемен за 6,6% во однос на 2024 година, односно за 3,6% споредено со 2023 година. Според него, бројот на пријавени расте секогаш кога се чувствува економска нестабилност.

„Интересот за работа не опаѓа, напротив – расте, особено кога има повеќе понуди. Рецесијата во Германија веќе се чувствува и кај нас, особено во производствените процеси каде дел од фабриките ја укинаа третата смена“, изјави Велков.

Тој додаде дека последните анализи покажуваат дека огласите кои наведуваат конкретна плата добиваат 2,5 пати повеќе апликации од оние без наведена сума. „Луѓето бараат транспарентност – ако има понуда со плата, ќе аплицираат, ако нема, не“, нагласи Велков.