Велков со совет за младите: Не чекајте да закрепне ИТ индустријата, прилагодете се на нешто друго

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дарко Велков од Вработување.ком во емисијата „Бизнис21“ изјави дека ИТ индустријата, која доживеа голем подем пред неколку години, денес се соочува со значителен пад.

„Сите тие што имаа компетенции во ИТ-секторот, а заминаа во странство, сега се враќаат и бараат било каква работа. Моја препорака е веднаш да се прилагодат на други области, затоа што ИТ-индустријата нема брзо да закрепне“, истакна Велков.

Тој додаде дека истата состојба важи и за високообразованите лица, како доктори на науки и магистри, нагласувајќи дека економијата и работната сила мора да се прилагодуваат брзо на новите услови.