Во моментов на македонскиот пазар на труд недостигаат околу 40.000 лица со конкретни компетенции кои ги бараат фирмите и фабриките, вели Дарко Велков од Вработување.ком во емисијата на ТВ21, Бизнис21.
Според него, иако околу 100.000 лица се водат како невработени, најголем дел од нив немаат соодветни вештини или се постари од 55 години и не се активни барачи на работа.
„Не значи дека ако имаш диплома, автоматски ќе се вработиш. Фирмите денес бараат прилагодливи луѓе“, истакнува Велков, додавајќи дека најголем недостиг има во производствените процеси, фабриките и земјоделството.
Компаниите, според него, се подготвени да инвестираат во обука, особено за помлади лица кои би останале подолго време, но признава дека „состојбата е тешка и работата во фабрика не ја издржуваат сите“.
