Ви благодариме што се грижите за нас, но чувајте се и вие, ТВ21 го честита Светскиот ден на здравјето

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Здравстените работници денеска го одбележуваат Светскиот ден на здравјето (7 април).

За разлика од изминатите години, овојпат го дочекуваат на првата борбена линија на фронтот против невидливиот непријател наречен коронавирус или ковид-19 кој е планетарна закана број еден во моментот. Со нивната максимална посветеност и пожртвуваност, деноноќно се обидуваат да спасат што е можно повеќе човечки животи за што го добија епитетот „херои на нашето време“.

Од редакцијата на ТВ21, но и нашата публика благодариме што се грижите за нас, но упатуваме и апел да се чувате и вие.