ВИДЕО: Десетици ракети истрелани од јужен Либан кон северен Израел

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Десетици ракети беа лансирани од јужен Либан кон Галилеја на северот на соседен Израел, објавија израелските медиуми.

„Силен ракетен оган беше насочен кон Галилеја. Се огласија неколку сирени поради загриженост дека проектилите ќе навлезат на територијата на Израел“, објави израелскиот дневен весник „Маарив“.

Истиот извор јавува дека сирените биле активирани во заедниците Дафна, Снир, Хагошрим, Дан и други населени места.

Според Маарив, повеќе од 40 ракети биле лансирани од Либан кон Галилеја.

Од друга страна, либанската група Хезболах во соопштение наведе дека го погодила северниот дел на Израел со десетици ракети „Каќуш“ кои биле насочени кон артилериски позиции.

Израелската армија соопшти дека околу 50 ракети биле лансирани од јужен Либан кон областа Прст.

Нема извештаи за повредени или материјална штета.

Тензиите се зголемуваат низ Западниот Брег откако Израел започна смртоносни напади врз Појасот Газа во кои загинаа повеќе од 33.600 Палестинци од 7 октомври.