Пратеникот од Левица, Борислав Крмов денеска во Собранието фрлаше амандмани врз потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски со барање да се прекине седницата.
На него му се придружи и пратеникот Димитар Апасиев. Бараа да се прекине седницата, бидејќи не им биле архивирани амандманите кои ги поднеле.
„Мора да ја прекинете седницата, овие се оригинали, немаат ни архивски број“, кажа Крмов и почна со фрлање на амандманите.
Претходно, собранискиот спикер, Талат Џафери, ги фрли во отпад 1.449 амандман поднесени од пратениците на Левица, а кои се однесуваат на измените на собранискиот Деловник.