ВИДЕО: Две лица насилно се обидуваат да стават момче во автомобил во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

До редакцијата на ТВ21 е испратено видео на кое се гледа како двајца мажи насилно грабнуваат момче од ромската заедница и се обидуваат да го стават во автомобил.

Предметните лица се придружувани и од две жени, од кои едната на видеото може да се види како возач на автомобилот.

Покрај момчето, двајцата мажи имаат и чанта во рацете.

Според информациите на ТВ21, случајот е од пред две недели, а видеото е снимено на раскрсницата кај трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје.