ВИДЕО: Израел нападна уште една земја на Блискиот Исток

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Откако израелските воздушни напади го убија лидерот на Хезболах Хасан Насрала во петокот, светот стравува од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Убиството на Насрала го осуди и Русија, а либанската милитантна група порача дека отпорот нема да биде скршен и дека џихадистичкиот дух на браќата муџахедини во Либан и на сите фронтови за поддршка ќе стане посилен и поголем.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека Израел нема да може да ги врати своите жители на северот на земјата со водењето сеопфатна војна против Хезболах и Иран.

„Ако сакате да ги вратите овие луѓе дома на безбеден и одржлив начин, ние веруваме дека дипломатскиот пат е вистинскиот курс“, рече Кирби за Си-Ен-Ен.

Во неделата израелската армија изврши воздушни напади врз штабот на вооружената група Хути во Јемен. Ројтерс јавува дека биле погодени резервоари за гориво.

Тие го гаѓаа пристанишниот град Ал-Худаида на Црвеното Море, кој е клучен за испорака на храна и други потреби на населението во Јемен.

Израел тврди дека убил 20 други водачи на Хезболах од различни чинови кога го убиле Хасан Насрала во командниот центар во петокот. Меѓу нив е и Али Караки, лидерот на јужниот фронт на Хезболах.

ИДФ соопшти дека го убила и Ибрахим Хусеин Јазини, шеф на единицата за безбедност на Насрала, и Самир Тавфик Диб, кого ИД го опишува како долгогодишен доверлив и советник на Насрала.

Армијата додава дека штабот на Хезболах бил закопан под неколку цивилни згради, пишува Би-Би-Си.